Твитерџиите ширум Балканот ја споделуваат оваа снимка за која не се знае точно од каде потекнува, а на неа една девојка покажува како се ужива на дождот.
Девојката стоела покрај семафорот и почнала да танцува на дождот на општо воодушевување на случајните минувачи, а кога се вклучило зеленото светло, таа танцувајќи ја поминала улицата.
“Браво мала, животот е убав”, напишал човекот покрај видеото кое го споделил на својот Твитер профил, а корисниците на оваа социјална мрежа велат дека се воодушевени.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
“Каква царица!”, “Не знам која е и од каде е, но ми го разубави денот”, “Не е важно каде се наоѓаш туку како се чувствуваш!”, “Има една убава поговорка: Кој ќе полуди во младоста, целиот живот ќе му пројде во радост и среќа”, се само дел од коментарите кои се појавиле под снимката.
“Оваа девојка не е како 99% од нас, таа не се грижи за “правилата” кои ги наметнува средината. Браво! Која и да си, жалам што немам една ваква за цел живот”, ѝ порачал едно момче во коментари.
За оваа приказна зборува светот: Се заљубила во бездомник кој ѝ го променил животот
Британката Кејти Никол го запознала својот партнер Џон Хонс додека бил бездомник. Таа вели дека тоа било моментна хемија.
-Веднаш се „споивме“, изгледаше така искрено… Нашата врска стана многу, многу силна. Секој ден се смееме, цело време, раскажува Кејти, која инаку е разведена и мајка на две деца.
Секој ден излегувала и седела со него на плажата во близина, каде што тој обично бил близу локалната сладоледџилница. Наскоро почнале да си разменуваат и љубовни пораки.
Приказнава меѓу првите ја обелодени британскиот фотограф Крис Фрир.
Хонс (31) ѝ пишувал песни на Кејти, а таа во повеќе наврати го канела на вечера. За три месеци, тие и „официјално“ биле во врска. Со помош на својата седум години постара девојка од Гримзби, тој нашол и работа, а и не е веќе бездомник. Двојката е заедно веќе осум месеци.
Додека бил бездомник, Џон еднаш имал просјачки картон на кој пишувало: „Нејзиниот адвокат беше подобар од мојот”. Тоа значи дека станал бездомник откако минал 2,5 години в затвор. Бил осуден за напад врз човекот што го фатил в кревет со неговата поранешна девојка.
Тоа не ѝ пречело на Кејти. – Кога тој првпат влезе во мојот дом, веднаш почувствував дека можам да му верувам, вели таа.
Кејти му помогнала и да се одвикне од дро*ата. Џон вели дека засекогаш ќе ѝ биде благодарен за сè што направила за него.
-Сонував за ова кога спиев на плажата, и знаев дека нема вечно да бидам таму, истакна тој. (МИА)