|
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.С.(22) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Пријавената, подолг временски период го оставала своето малолетно дете без никаков надзор и грижа дома, а во повеќе наврати детето било оставено несоодветно облечено на улицата во непосредна близина на нивната куќа.