Помина многу време откако на Џорџина Родригез (25) гледавме како на девојката на Кристијано Роналдо. Со години била мистериозна црнокоса за која ништо не се знаеше, но со преселувањето на Роналдо во Италија, Џорџина започна да чекори кон патот на успехот.
Нејзиното момче по доаѓањето во Јувентус ги освои срцата на играчите, а Џорџина успеа да ги придобие Италијанките. Со 10 милиони следбеници на Инстаграм, таа е една од кралиците на Серија А и најголемата инфлуенсерка која неодамна потпиша договор со италијански бренд за костими за капење. За сè што има Џорџина се изборила сама.
Танцувањето е нејзината прва љубов
Родена е на 27 јануари 1994 година во Буенос Аирес, а со родителите се преселила во шпанскиот град Јаца каде нејзиниот татко отишол поради фудбалот. И тој бил фудбалер, но не стигнал подалеку од втората аргентинска лига, додека Џорџина на 4 години ја открила својата голема љубов, танцувањето.
“Не бев многу убаво дете. Сигурно не бев најубавата во одделението. Едноставно, се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста”, раскажа Џорџина која вложувала часови, денови, месеци и години.
“Не постои точен момент во кој одлучив да станам модел. Подоцна во училиште започнаа да ми велат дека сум убава, дека имам добро тело и почнав сама да верувам во тоа”.
Во Англија чувала деца и чистела
Набрзо добила прилика во Мадрид, но немала пари да го следи својот сон. Поради тоа одлучила да отпатува за Бристол, го усовршила англискиот јазик и се вработила како au pair.
“Бев чистачка, ништо не ми беше проблем”, рекла искрено Џорџина.
Кога собрала доволно пари се вратила во Шпанија. Во Мадрид живеела со својата сестра студентка, но и понатаму немала доволно пари. Но, имала голема желба за успех и совршени пропорции на телото. Поради тоа се вработила како продавачка во продавница на Гучи во Мадрид. Токму тоа ѝ го промени животот.
За време на нејзината смена еден ден во продавницата влегол Кристијано Роналдо, а токму таа му асистирала при шопингот. После тоа, Роналдо секогаш барал таа да му помага секој пат кога ќе ја посетува продавницата. Оттогаш започна нивната романса, а денес заедно ја имаат биолошката ќерка Алана Мартина и децата од сурогат мајка Кристијано Џуниор, Ева и Матео.