Љубителите на турските ТВ серии младиот актер Арас Булут го паметат како Мете, синот на Џемиле и капетанот Али кој пред да стане музичар беше едно проблематично дете што постојано и создава проблеми на мајка си.
Пред да почне да глуми во серии, Мете или Арас се појавил во три реклами, а во 2010 година почна да ја игра улогата во „Бурни времиња“. Во 2011 година на своја 20 годишна возраст ја освојува наградата „Antalya Award“.
Во 2013, Арас започнува да глуми во „Мехмед и Мерием“ со што неговата популарност станува уште поголема во Турција.
Веќе во 2015 година убавиот и згоден млад турски актер добива главна улога во турската драма „Maral En Guzel Hikayem“.
Да не ја заборавиме и неговата улога во „Величенствениот“ во која Арас беше принцот Бејазит, во постојана борба за престолот со неговиот брат Селим.
Арас е доста популарен и кај женската турска популација, која не пропушта да му поласка на заводливите фотографии на Инстаграм.
Мете веќе неколку години снима друга турска серија, поврзана за турското подземје. Тој е чесен лидер на едно турско маало во кое се труди да владее ред и спокоj, борејќи се со непријатели кои постојано се трудат да го саботираат.