Дијаспора: Работиш за 1600 евра, мора и жената на црно да работи за да се плаќаат ратите за станот – доживотно

ИЗВОРСкопје24
|

Статус на Оливера Ширговска:

,,Плата од 1600 евра. Далеку од дома, во светот. Дишиш, а не живееш. Од први до први на банкомат. Ги гледаш своите на вибер.. Купуваш на попуст и чекаш во редица.

Сонцето се повеќе се скрива зад облаците. Гледаш вести на Сител, и тага те обзема. Децата зборуваат се повеќе странски. Возиш мерцедес , со кредит од банките. Платата од 1600 евра едвај крпи.

Ќе мора и жената да работи . На црно. Се повеќе се плашиш и чекаш унапредување. Ќе го добиеш , кога ќе те исцедат како лимон.

Децата, тие се повеќе сè оддалечуваат од домот. Стануваат свои и работат. За плата од 1600 евра. Во свој стан , на кредит. Доживотно. ДОМА!Дома си е дома. Плата 200 евра , ама комшиите се тука. Да ни се живи и здрави.

Децата играат , хепенинг за Велигден , за 1 ви април. Дедо и баба ги носат за рака. Чичо и стрина ги возат со голфче на старо , ама џам е! Мама и тато на работа , баба прави мекици за сите.

Две тепсии големи ..Ммм , со сиренце ,ајварче и јогурт ..Токму манџа прсти да излижеш. Ајјј Лепотица на баба , станала матурант, баба ќе плати. И фустанот и сандалите. Мајкиниот син станал дипломец.

Дедо ќе купи , ќе даде …Ами дедова лика и прилика е. Никаде!. Никаде не е како дома. Тамо им велат …Кога ќе се жениш ..Од наш крај да си земеш.

Само едно место се вика дом. Тамо каде што срцето ти пее.. И ниедна пара не може да ја купи таа љубоv. Таа љубов е вечност во душата . Тамо каде што срцето припаѓа. Оли