Државната изборна комисија соопшти дека излезеноста на првиот круг од претседателските избори изнесува 28,89 отсто. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција рече дека од околу 75 отсто обработени гласачи места, до 15 часот излегле да гласаат 396.252 избирачи.
Најголема излезност, исто како и до 13 часот, има во Прилеп – 43,85%, a најмала во Липково – 9,75%.
Во Центар излезеноста изнесува 38,65 проценти, што е најголема излезеност во скопските општини, а најмала е излезноста во Чаир со 17,2 проценти.
Во Аеродром, излезноста е 35,45%, понатаму Арачиново 14,75%, Берово 34,75%, Битола 32,81%, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24%, Велес 32,11%, Гевгелија 39,26%, Ѓорче Петров 33,3%, Делчево 37,69%, Долнени 16,75%, Илинден 29,18%, Кисела Вода 34,99%, Карпош 37,69%, Кавадарци 39,01%, Македонски Брод 42,22%, Охрид 36,77%, Ново Село 37,71% …
Дерковски нагласи дека нема посериозни нарушувања на изборниот процес.
Додаде дека се пристигнати 8 нови приговори за гласачкото право, за што ќе заседаваат и ќе одлучуваат во ДИК. Но, тоа не се приговори од суштинска природа што го нарушуваат изборниот процес, рече претседателот на ДИК кој на крајот изрази надеж дека изборниот процес ќе заврши мирно како и до 15 часот.
Покрај за претседател денеска во општините Охрид, Ново Село и Дебар се гласа и за избор на нов градоначалник.
Гласачките места се отворени до 19 часот. Право на глас имаат 1.808.131 избирач.