Ди Каприо скокнал во заледено езеро за да ги спаси своите две кучиња

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Леонардо ди Каприо скокнал во замрзнато езеро за да ги спаси своите две хаски на снимањето на филмот „Don’t Look Up“.

Една од актерските хаски паднала во дупка во замрзнато езеро за време на снимањето на филмот „Don’t Look Up“ во режија на Адам Мекеј, а кога Ди Каприо сфатил дека кучето е во езерото, скокнал по него. Друга хаска, која била во близина, се фрлила во езерото за да им помогне на сопственикот и на првото куче, па во студената вода имало доста гужва.

„Моите хаски живеат во Калифорнија и не го разбираат концептот на замрзнато езеро“, ја започна приказната актерот, а набрзо беше прекинат од неговата колешка Џенифер Лоренс, која гостуваше во емисијата со него.

„Во еден момент бевме сите заедно во езерото“, рекол актерот и додал дека откако ги спасил кучињата, се пресоблекол во чиста облека и се загреал во автомобилот.