Димитар Андоновски веќе има замена? Пејачот се пофали со новата ѕвезда во семејството (видео)

|

Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина во февруари 2017 година станаа родители на нивното прво дете, синот Михаил.

Оттогаш, во домот на Андоновски, радоста и среќата е на најголемо ниво, а исто така владее и музичката атмосфера.

Парот ужива во првите години и растењето на наследникот, а секој заеднички момент им е исполнет со моменти на кои ќе се сеќаваат.

Димитар не се штеди многу да сподели некој заеднички момент со семејството и да сподели се фановите како ужива во семејна атмосфера.

Меѓутоа, деновиве Андоновски одлучи да се пофали со новата ѕвезда во семејството.Пејачот на својот „Фејсбук“ објави видео каде неговиот син пее на микрофон и се пофали дека тој ќе биде негова замена.

„Неделен концерт со Михаил. Син ми, мојата замена и новата ѕвезда во Андоновци“ напиша пејачот како објаснување во видеото.

Некогаш се очекува и децата да тргнат по стапките на родителите, односно да бидат пејачи, актери, водители, спортисти, доктори, адвокати….но понекогаш и не е така.

https://www.facebook.com/dimitar.andonovski/videos/10219572199081074/?t=0

Дали Михаил ќе покаже амбиции за музика и музичка кариера, па ќе го наследи тато Диме останува да покаже нашиот најдобар сојузник – времето.

Кога можеше Анастасија да тргне по стапките на Цеца, Стефан Живојиновиќ по Брена, Луна по Анабела, зошто и Михаил да не тргне по стапките на тато Диме.