Оваа сабота во Охрид се одржа годишната манифестација за „Избор на најуспешни жени менаџери” организирана од страна на Концепт Марили, на која награда прими Генералната Директорка на Триглав Осигурување Живот- Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска.
На настанот беа наградени вкупно 20 жени менаџери од земјата и регионот за нивните професионални успеси и заложби во бизнис заедницата. Оваа награда за г-ѓа Учета Дузлевска е резултат на нејзиното децениско менаџерско искуство во областа на осигурувањето и постигнатите резултати на компаниите со кој управуваше изминатите години.
Изборот за најуспешни жени менаџери беше традиционално организиран по 26 ти пат оваа година со цел да се даде признание и поддршка на жени – лидери од приватниот сектор од различни области и дејности. За прв пат оваа година манифестацијата доби и интернационален карактер па во номинацијата беа вклучени и успешни жени од регионот. Покрај наградите, беше одржан и Бизнис Форум со четири панел дискусии со говорници од државните институции, академската фела како и реалниот сектор. На Форумот се обрати вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во Владата на РСМ, г-дин Фатмир Битиќи а специјална награда доби и Гувернерката на Народна Банка на РСМ г-ѓа Анита Бежовска Ангеловска.