Директорот на Гранд е убеден: Карлеуша на мене ми ја посвети оваа песна, погледнете само како реагираше (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Очигледно е дека на членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ им недостасува Јелена Карлеуша, па константно ја споменуваат. Најмногу изненади Саша Поповиќ кој, додека една натпреварувачка ја изведуваше песната на ЈК „Саки“, цело време играше.

Натпреварувачката на која ментор и е Ѓорѓе Давид го воодушеви жирито. Давид и предложил да ја пее песната од Јелена, „Саки“, а кога почна да ја пее настана општи хаос во студиото. На нејзината изведба посебно и се израдува Саша Поповиќ.

„Саки и го украде шоуто на кандидатката“ додаде некој од жирито, додека Поповиќ прокоментира:

„Не сум знаел дека песната „Саки“ ја снимила Јелена. Значи посветена ми е на мене, супер. Многу е забавна, Саки мој. Секоја чест Ѓорѓе што ја одбра оваа песна, беше воодушевен Саша, на кого воопшто не му беше драго што Марија и Босанац не и дадоа глас на девојката.

„Саки зошто си нервозен? Знам дека Џорџ и ја одбра оваа песна мислејќи дека Јелена ќе биде тука, за да и ја пее на неа оваа песна„ кажа Марија, а Босанац продолжи:

„Во колку сакаш да се обложиме Саки, дека не запамти ниту два збора од песната? Ајде дај само две реченици“.

Поповиќ не знаеше да отпее но одлично се снајде.

„Саки, Саки, Сале купи ми сандале, само пази Сале да не буду мале“ запеа Поповиќ и ги насмеа сите.

Ѓорѓе Давид одлучи да му врати на Босанац, кога неговиот кандидат Борислав Марковски ја пееше „Зајди Зајди“ и „Македонско девојче“.

„ Првата строфа на првата песна и рефренот да ја испее акапела, бидејќи матрицата прави проблеми“ кажа рокерот а Поповиќ се обиде да го одбрани натпреварувачот.

„Борислав ти си мајстор во војска? Војниот оркестар ти ја правеше матрицата„ кажа он, а натпреварувачот потврди дека свири тромбон во воен оркестар.

„Сите заедно те зафркнале, одма да ти кажам“ му посочи Давид.