„Меѓународниот туристички портал Дискаверер (The Discoverer) направи листа на пет популарни дестинации кои би требало да се избегнуваат поради метежот и негативниот став кон туристите и препорачува алтернативни дестинации.
Според „Дискаверер“, наместо во Дубровник, туристите треба да одат во Охрид.
– Наместо да се обидувате да биде среќникот што ќе добие билет за разгледување на дубровничките локации, посетете го прекрасниот град Охрид во блиската Македонија. Изобилува со шарм, од ресторани на езеро до древни цркви и манастири кои како да се наоѓаат на секој агол. Сместен на најстарото езеро во Европа, градот има богата историја која ќе ве воодушеви, посебно зошто можете да уживате без метеж, наведува патеписецот на „Дискаверер“ Џулија Хамонд.
Според неа, посетата на старото историско јадро на Дубровник е врвно доживување на кој било одмор, но метежот во тесните улички и премини не придонесува за квалитетот на тоа искуство. Пренатрупаноста ја дополнуваат крузерите кои истоваруваат голем број патници и го зголемуваат бројот на луѓе во градот на неколку часа, а кога на тоа ќе се надоврзе и фактот дека Дубровник е се по познат и по популарната серија „Играта на престоли“, настанува проблем од епски размери.
На прво место на негативната листа на „Дискаверер“ е Барселона на чие место се препорачува посета на Екстремадура. Втора е Маја Беј на Тајланду која треба да се замени со Кох Муку. Следува Галапагос за кој како алтернатива е понудена Исла Магдалена во Чиле, додека на крај се сугерира избегнување на Мачу Пикчу во Перу и посета на древниот локалитет во близина Морај.