Диви свињи се симнуваат во струмичките дворови, граѓаните бараат помош од надлежните

ИЗВОРНов Лист
|

Струмичани од горниот дел на Струмица, каде се наоѓа турското маало се вознемирени бидејќи последниве денови се забележани диви свињи во дворовите на граѓаните. Тие се исплашени за својата безбедност и бараат да се преземат мерки за заштита.

Диви свињи се појавувале и порано, но, струмичани велат никогаш досега не се доближиле толку до населениот дел.

Ловните друштва смируваат дека тој реон е дел од ловиште и тие се движат но ќе се повлечат за кратко.

Не е првпат дивите свињи се појавуват во населени места, но, тоа е најчесто во периоди кога има забрана за лов.