ОВЕН
Оваа недела треба да ја трошите енергијата на домашни активности или да помогнете на некој од семејството. Нова личност во вашиот живот ве заинтересирала и можеби повеќе од што сакате да признаете. Многу добро е здравјето.
БИК
Многу е важно да се одморите, но и на време да почнете со подготовките за следната работна седмица, затоа што ве очекува зголемен обем на работа. Вториот ден на викендот би можеле да го минете заеднички дружејќи се со роднините, кумовите… Здравјето е многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Без оглед на веќе подготвените варијанти за идните задачи, овој ден ви носи нови информации и потреба плановите да се корегираат. Во текот на оваа недела ситуацијата на вашето љубовно поле останува на исто ниво како и минатите денови. Нема поголеми проблеми со здравјето.
РАК
Покрај вообичаените домашни обврски, денеска ќе може да се посветите на некои креативни активности. Многу добар ден се наоѓа пред вас во љубовта, ако имате желба убавите моменти да ги минете во куќна атмосфера со драга личност. Опуштете се. Одлично е здравјето.
ЛАВ
Организирајте некое фино дружење, собирање со пријателите. Опуштете се и одморете. Изненадете ја драгата личност. Предложете некое излегување. Одлично е здравјето.
ДЕВИЦА
Другиот ден од викендот не е погоден премногу да се занимавате со анализа и бројни комбинации. Обезбедете си мал одмор. Релативно мирен ден на полето љубов. Решавањето на евентуалните незадоволства оставете ги за подоцна. Пад на енергијата.
ВАГА
Овој ден е како порачан да се посветите на хоби или на некоја креативна активност која малку сте ја запоставиле. Реално е да очекувате денеска да ве изнервира комплицирана ситуација која се обидувате да ја решите заедно со саканата личност. Пад на имунитетот.
ШКОРПИЈА
Може да бидете повеќе свртени кон минатото и пропустите. Немојте да се заморувате со нешто кое не може да го промените. Личноста која неодамна сте ја запознале покажува голем интерес за вас. Чувајте се од вирусни инфекции.
СТРЕЛЕЦ
Без брзање и со минимална помош од страна, денеска многи добро ќе може да се изборите со некои дополнителни обврски. Потрудете се да се опуштите и да уживате во позитивната енергија во љубовта. Може заедно да минете ден со саканата личност дома, но добро би било малку да го смените амбиентот. Солидно е здравјето.
ЈАРЕЦ
Безмалку сите обврски кои сте ги испланирале денеска може и да се остварат, само со побавно темпо. Изненадете ја саканата личност. Предложете некое излегување, покажете повеќе интерес. Многу добро е здравјето.
ВОДОЛИЈА
Некои нови идеи може денеска да ве натераат на сериозни размислувања, можеби дури и за промени на работа. Имате некои понуди кои вреди да се разгледаат. Бидете весели и добро расположени и преземете иницијатива на љубовното поле, затоа што ништо нема да се случи само од себе. Многу е добро здравјето.
РИБИ
Може едноставно денеска да се посветите на одмор или уживање на некој излет дружејќи се со драги лица. Уживате во постоечките односи со партнерот. Менувајте го она што ви пречи и подигнете го квалитетот на односот во кој се наоѓате. Ви треба повеќе сон.