Нов почеток за еден знак: Дневен хороскоп (17.05.2023)

|

ОВЕН
Водете разговори од кои очекувате премногу. Темите не се важни, но вие им давате на значење. Дискусијата се претвора во расправија, надметувањето на мислењата губи смисла затоа што крајна цел не постои. Не трошете залдно зборови, особено ако пред вас е некој кому не му верувате.

БИК
Имате шанса во текот на денот да ви се укаже шанса да го превземете водството во еден работен проект кој се подготвува. Ако внимателно се организирате и не ги потцените своите потенцијали, оваа прилика може да стане животна.

БЛИЗНАЦИ
Се потпирате на други луѓе. Можеби сте изморени па тоа е вистинската причина да се препуштите на судбината. Работите може непријатно да се закомплицираат доколку не превземете одговорност и своите обврски да ги завршувате на време, па макар тоа било и непријатно за вас.

РАК
Промените на работа најавуваат нов почеток. За вас вестите се охрабрувачки, затоа што се однесуваат на вашата материјална ситуација. Влијателна личност носи предлог, кој се однесува и на вас. Ова е сигурен сигнал дека се се одвива во посакувана насока.

ЛАВ
Морате да прифатите компромис доколку сакате да искористите некоја голема шанса својата креативност и чувство за естетика добро да го наплатите. Застојот кој може да се испречи е од минлив карактер, но само ако научите да не се спротивставувате.

ДЕВИЦА
Денот е одбележен со непријатности на кои ќе ве изложат службените лица, без разлика дали сте виновни или не. Бидете внимателни, се што работите нека биде чесно. Секој обид на ваша манипулација ќе биде санкциониран.

ВАГА
Чувствувате дека ви стигнува прилив на енергија која ви недостасувала. Паралелно пристигнуваат нови обврски кои може да ве загрижат. Опуштете се, иако пред вас е период на напорна работа, на крајот ве чека паричен надоместок кој ќе ве развесели.

ШКОРПИЈА
Можна е понуда за партнерство со влијателна личност која во животот ви се враќа како некој од кој порано многу сте научиле. Можеби идејата не ви делува примамливо затоа што не нуди брз успех. Но, не одложувајте, на таква шанса уште долго ќе чекате.

СТРЕЛЕЦ
Под голем притисок сте. На вам е да ги спроведете одлуките кои се однесуваат само на вас. Од друга страна, потребна ви е поддршка од партнерот, но не ја добивате. Можеби ова е шанса да превземете целосна одговорност и работите да ги завршите сами.

ЈАРЕЦ
Како и да се поставите, се очекува да бидете во втор план. Не ви годи таква улога, но свесни сте дека тоа е правиот пат. Било да станува збор за фамилијарни или љубовни односи, најпаметно е трпеливо да пружите шанса и да чекате епилог.

ВОДОЛИЈА
Преполни сте некоја енергија која не умеете да ја потрошите. Од некоја причина не умеете да ја употребите и да ја искористите својата интуитивност. Ќе биде полесно ако својата интима ја доверите на вашиот најдобар пријател, а тоа е личност која најдобро ќе ве разбере.

РИБИ
Денеска се можни неочекувани фамилијарни напнатости и тоа најверојатно поради финансии. Реагирајте трпеливо и не влегувајте во расправи затоа што решение доаѓа побрзо од очекуваното. Во текот на попладне стигнува вест за пари кои не сте ги очекувале.