ОВЕН
Како и да се поставите, се очекува да бидете во втор план. Не ви годи таквата улога, но свесни сте дека тоа е правилниот пат. Без разлика дали станува збор за семејните или за љубовните одности, најпаметни е трпеливо да пружите поддршка и да го сочеката епилогот.
БИК
Пред вас е ден исполнет со динамика. На работ од издржиловста сте. Веќе извесно време ве мачи нешто на работното место, а не сте во состојба да му се спротиставите. Чувајте се, наизглед безопа сна ситуација може да е наведе да напревите скандал.
БЛИЗНАЦИ
Имате многу планови и очекувате брза реализација. За жал, работите не се развиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да се придвижи, го губите драгоценото време, а ви бегаат можностите кои се поосигурни, а можеби и поисплаткиви од оние коишто вие сте ги замислиле.
РАК
Амбициозните сте па денот ќе го започнете со големи планови. Ја ловите секоја можност за повторно да ѝ се наметнете на средината во којашто се движите и работите. Вашиот труде ќе биде награден, но истовремено со тоа стекнувате нови непријатели на чијшто пат застанувате.
ЛАВ
Има шанса да се оствари вашата желба за промена на работното место. Морате да бидете свесни дека доколку тоа го сторите, потоа влегувате во нов живот по што нема враќање на старото. Тоа не значи дека ве очекува нешто лошо, туку дека мора да бидете подготвени на сѐ.
ДЕВИЦА
Доколку успеете денот да го започнете без доцнење и одложувања, може да ви се отворат интересни можности, особено долку вашата работа е поврзана со странство. Не ги вовлекувајте прикателите во своите потфати, самите решавајте ги сопствените проблеми.
ВАГА
Пред вас стојат многу обврски. Ќе ви се чини дека не можете да кренете глава од работа, а всушност ништо особено нема да се случува. Илузијата дека премногу сте оптоварени доаѓа од заситеноста, па итно ви е потрбена или промена на работното место или кус одмор.
ШКОРПИЈА
Тежнеете кон слободата, меѓутоа подобро е да се воздржите, бидејќи не е поволен период за бунтување. Дисциплинирано и навремено извршувајте ги работните задачи, само така ќе ги избегнете тензичните аспекти коишто може да ви ја комплицираат финансиската ситуација.
СТРЕЛЕЦ
Своите планови ги врзувате за ветувањата коишто ви ги дале пријателите. Премногу одложување може да ве доведе во непријатна ситуација, кога на крајот ќе се правдате пред претпоставените на коишто вашите аргументи ќе им бидат смешни и прифатливи.
ЈАРЕЦ
Аспектите ви носат прилив на енергеија коајшто ви недостасуваше изминатиот период. За жал, истовремено пристигнуваат нови обврски со кои целата убавина на овој период ќе падне во сенка. Пред вас е напорна работа за којашто нема да ја добиете очекуваната награда.
ВОДОЛИЈА
Наједноставните активности за коишто инаку ви е потребно мало залагање, денеска ги извршувате со голема тешкотија. Не е лошо да поразмислите за тоа сѐ да одложите за некој друг ден, бидејќи грчот кој не успевате да го совладата ќе предизвика грешки кои се недозволиви.
РИБИ
Имате многу планови и очекувате брза да започнете некој од нив. За жал, денешните случувања нема да ви донесат големи придвижувања, освен што околкностите ќе ве наведат да размислите дали патот којшто сте го смислиле е најповолниот за некој како вас.