Финансиски успех за Стрелците, добар период за љубов кај Лавовите – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Внимавајте, некој од колегите тежнее да го преземе вашето работно место, не го дозволувајте тоа. На љубовното поле нема да бидат забележани позначајни случувања.

Бик (21.04 – 21.05)

Поминувате премногу време на работи и тоа ви пречи. Обидете се да најдете начин да го поправите тоа. Слободните конечно ќе пронајдат начин да уживаат малку во слободата. Оние во врска или брак ќе бидат среќни.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На деловен план се можни неколку мали бариери. Прејдете ги храбро. Во љубовта ситуацијата не зависи секогаш од вашата волја, почитувајте ги и правилата на саканото лице. Оние кои се слободни овој ден ќе бидат ненадејно повикани на состанок.

Рак (22.06 – 22.07)

Време е да се ослободите од заостанатите финансиски обврски. Се додека не го направите тоа, нема да можете да тргнете понатаму. Во љубовта конечно ќе ги запознаете сите вредности на саканото лице. Покажете му колку ви значи.

Лав (23.07 – 22.08)

Колегите и надредените го ценат вашиот труд и залагање. Меѓутоа морате да научите да го покажете својот успех. Во љубовта започнува доста подобра љубовна фаза, важно е да се опуштите малку.

Девица (23.08 – 22.09)

Ова е ваше време за деловен успех. Искористете го паметно. Зрачите со позитивна енергија, а тоа влијае добро на припадниците на спротивниот пол.

Вага (23.09 – 22.10)

Делувате амбициозно и непрекинато смислувате нови деловни решенија. Колегите и надредените го ценат тоа. Во љубовта се однесувате наметливо, тоа му пречи на партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сакате да бидете најдобри и секогаш да добивате пофалби. За тоа ќе мора малку повеќе да се потрудите. Планот кој сте го смислиле во врска со љубовта, ќе ви се оствари.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Новиот деловно-финансики успех делува како голем поттик за вас и вашата околина. Во љубовта потрудете се да ги остварите своите емотивни намери или да придобиете нечија наклонетост.

Јарец (22.12 – 20.01)

Намалете го трошењето на пари на беспотребни нешта. Во љубовта разочарани сте од постапките на саканото лице. Не претерувајте со вашите реакции, бидете посмирени.

Водолија (21.01 – 19.02)

Преокупирани сте со различните обврски, па никако не можете да се опуштите. Време е подобро да го организирате своето време. За слободните почнува идеален период за љубов.

Риби (20.02 – 20.03)

Во работата ситуацијата ќе биде монотона. Вие чувствувате голем емотивен занес, но некако како да ви недостасува добра прилика да ги покажете своите намери. Партнерот не ги чита точно вашите знаци.