Овен (21.03 – 20.04)
Искористете ги вашите манири за постигнување на деловен успех. Искористете го доброто емотивно претчувство за остварување на зацртаните цели. Одично ви оди во љубовта.
Бик (21.04 – 21.05)
Ве погодува нечие неправедно однесување. Обидете се да го избегнете конфликтот. Претерано размислувате за тоа што ви кажало саканото лице. Опуштете се малку.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Тежнеете да им оставите добар впечаток на соработниците. Не се грижете добро ви оди. Опуштете се во друштво на саканото лице и уживајте во светот на интимата.
Рак (22.06 – 22.07)
Премногу лично и трауматично ја доживувате ситуацијата на љубовен план. Опуштете се малку. Соминтелни сте и премногу го анализирате однесувањето на партнерот. На работа потребно ќе биде малку да се забрзате, за да постигнете се.
Лав (23.07 – 22.08)
Соработниците очекуваат да прифатите некои одрдени отстапки. Не правите компромис лесно. Послушајте ја својата интуиција и ќе се најдете на вистинското време во вистинкото место.
Девица (23.08 – 22.09)
Искористете ја самодовербата со цел да дојдете до некој договор кој одамна го посакувате. Не го проверувајте нетрпението и емотивната наклонетост на партнерот. Можно е разочарување.
Вага (23.09 – 22.10)
Забележувате дека новото деловно случување внесува промени во вашата околина. Нешто ќе ве изнервира, не реагирајте бурно. Саканото лице го анализира вашето однесување и пронаоѓа најразлични замерки.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некој ќе се обиде да ве измами. Бидете внимателни денес, следете ги сите чекори на работното место. Мудро ја заобиколувате темата или ситуацијата која не ви е по волја. Партнерот би можел да ви се налути поради тоа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате убедливи аргументи, но соработниците како да не ве слушаат. Мора да бидете поубедливи. Ве очекува некоја ненадејна одлука. Обидете се да не реагирате побурно од нормалното.
Јарец (22.12 – 20.01)
Потребни ви се точни информации со цел да ја дефинирате деловната соработка. Во љубовта нема потреба да ги потиснувате своите чувства или намери. Отворено разговарајте со партнерот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Некој во вас ја поттикнува креативната енергија и ви дава дополнителна мотивација за работа. Ќе постигнете голем успех. Делувате шармантно и привлечо за партнерот.
Риби (20.02 – 20.03)
Доволно сте способни да ги надминете просечните мерила. Само треба малку повеќе да се потрудите. Секогаш постои добар начин да го усреќите или израдувате саканото лице.