Овен (21.03 – 20.04)
Ако сакате да воспоставите нова визија во животот и да излезете од наметнатите ограничувања, ќе мора да промените нешто во однесувањето. Затоа, не ви се препорачува премногу да се опуштате и безрезервно да им верувате на другите. Досегашното искуство покажа дека непотребно се потпиравте на туѓите вредности и ги запоставувавте сопствените квалитети.
Бик (21.04 – 21.05)
Добро е ако ги преиспитате околностите во кои се наоѓате, зашто непромисленото итање кон целта и подреденоста на надворешните влијанија се закануваат целосно да ве преоптоварат на психофизички план. Затоа од суштинска важност е да пронајдете мотивација за излез од кризата и за осветлување на патот по кој ќе ја градите новата визија на животот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Доколку немате стратегија и храброст, тогаш илузорно е да очекувате дека хармоничните промени ќе пристигнат и ќе ве извлечат од расеаноста и дилемите што подолго време ја следат вашата личност. Затоа, соочете се со сопствените слабости, направете план кој ќе ви помогне при борбата со проблемите и не влегувајте во непознатото.
Рак (22.06 – 22.07)
Состојбата на психофизички план постојано ви се менува, така што лесно преминувате од фаза на депресија во фаза на еуфорија. Ако сакате да ја постигнете потребната духовна рамнотежа, неопходно е да ги препознаете причините кои ви го создаваат немирот и храбро да дејствувате во миговите кога постојат хармонични предуслови за постигнување на успехот.
Лав (23.07 – 22.08)
Наместо досегашното пасивизирање и оттргнување од задоволствата на животот, привлечноста, интелектуалноста и духовната убавина конечно ќе дојдат до израз, така што искористете ги перспективите и манифестирајте ја позитивноста на најдобар можен начин. Иако во минатиот период честопати бевте недокажани и неприфатени од околината, со хармоничното влијание на ѕвездите, многу работи ќе тргнат по нагорна линија и ќе ви донесат надминување на проблемите.
Девица (23.08 – 22.09)
Вложете во надградбата на знаењето, елиминирајте ги предрасудите и сфатите дека никој не ви е виновен за ситуацијата во која се наоѓате. Затоа, наместо да ги обвинувате другите и да му се предавате на депресивното расположение, многу подобро е да бидете самокритични и подготвени за храбро противставување на ограничувачките фактори.
Вага (23.09 – 22.10)
Не треба да се разочарувате и да му подлегнете на меланхоличното расположение, зашто имате сила за излез од напнатата ситуација. Затоа, наместо да ја обвинувате судбината за се што ви се случува во животот, подобро е храбро да се организирате и да ги неутрализирате негативните влијанија и случувања.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Искористете го денов за воспоставување на нова животна патека, бидејќи време е да почнете да се движите порелаксирано и спонтано. Во секој случај, не е добро да избрзувате во намерите и да прифаќате со што ќе ви се понуди. Затоа, употребете ја вродената интуиција и со аналитичен пристап насочете ја енергијата кон конструктивни цели.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Наместо и денеска да му се предадете на песимизмот и да се пасивизирате, време е да размислите за доживување на авантурите и да ги следите новитетите, бидејќи ѕвездите ќе ви овозможат излез од ограничувачките фактори. Сепак, внимавајте на односите во семејната атмосфера, зашто недоразбирањата ќе бидат поприсутни и ќе ви предизвикаат напнатост.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не треба да ги идеализирате нештата и да чекате можностите за постигнување успех да пристигнат на експресен начин, туку со храбар и активен пристап тргнете кон одблокирањето на статус кво ситуацијата. Ѕвездите укажуваат дека не е добро да зависите од туѓите ветувања и сугестии, зашто досегашното искуство ве научи излезот од кризата да го постигнете со сопствени сили.
Водолија (21.01 – 19.02)
Обидете се да завршите со сите лица и состојби кои не ви дозволуваа развој на плановите. Затоа, елиминирајте ја сентименталноста, односно дејствувајте храбро и решително, бидејќи само така ќе можете да ги почувствувате хармоничните влијанија на планетите.
Риби (20.02 – 20.03)
Ентузијазмот, борбеноста и желбата за доживување на авантурата нема да бидат најприсутни. Напротив, иако ќе бидете подготвени да им дадете услуги на луѓето кои ќе го побараат тоа од вас, сепак најмногу ќе ве привлекува самотијата и работата во мир. Затоа нема да покажете интерес за преголемите ангажмани, туку помили ќе ви бидат размислувањето и анализирањето на своите проблеми.