Дневница и до 1300 денари, платена и храна: Овој град во Македонија има потреба од берачи на јаболка

|

Официјално вчера на Крстовден, започна берењето на јаболката во Преспа.

Преспанчани имаат недостиг од работници за берење и пакување на јаболката.

Платена храна и околу 1300 денари дневница.

Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.Сезоната за берење на јаболката започнува на крајот на септември, а трае се до крајот на октомври, пренесе Centar.mk.

Потребна е работна сила и за пакување и складирање на јаболката, за што дневницата е слична, а потреба од ваква работна сила има постојано.