До 15 јуни времена измена на режимот на сообраќајот на еден регионален пат во Македонија

|

До 15 јули годинава се продолжува времената измена на режимот на сообраќај за изведба на грaдежни активности за рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница, информира Автомотосојузот на Македонија.

Продолжувањето е согласно со Одобрение од Министерството за транспорт и врски. Изведувањето на градежните активности ги изведува ДГ Пелагонија АД, Гостивар.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОДРОНИ: На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила. Од охридска страна, сообраќајот се одвива до месноста Корита.