До 500 евра казна за употреба и до 10 години затвор за продажба на овие работи за време на новогодишните празници

|

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, според Министерството за внатрешни работи, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено п*ка од ог*ено ор*жје, употребува пиротехнички средства или сличен лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

„Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со ор*жје или распрскувачки материи, при што тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена ќе се казни со затвор од три до десет години”.

“Ако предмет на делото е поголемо количество на огнено ор*жје, муниција или екс* лозивни материи, или огнено ору*је, мун* ција или екс* лозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор“, појаснуваат од ресорното министерство.