До крајот на декември исплата на К-15 на сметката на секој вработен во приватниот сектор

|

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15

Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 11.457 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од минимални 11.457 денари па нагоре. Пресметките се прават според 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.