До крајот на денов времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, а ќе има појава и на повремен локален дожд. Услови за локален краткотраен дожд ќе има и во Скопје и околината.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени. Исто така денес ќе дува и слаб и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Потоа од утре, под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, температурите ќе бележат тенденција на позначителен пораст а ќе има и повеќе сончеви периоди. Повторно услови за ретка појава на локален краткотраен дожд ќе има во недела кон крајот на денот, особено во крајните западни предели.
Минималните температури понатаму ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Во Скопскиот регион максималните температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 27 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност, и ќе изнесува (коефициент 6).
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.