До крајот на месецот треба да се избере македонската евровизиска песна за Васил Гарванлиев

ИЗВОРновлист
|

МРТВ јавно поканува: Македонската радио-телевизија, како членка на Европската радиодифузна унија и носител на лиценцата за учество на „Евровизија 2020“, која ќе се одржи во мај, во Ротердам, Холандија, јавно ги поканува авторите што сакаат да напишат песна за овој престижен музички фестивал, која ќе ја изведе македонскиот претставник Васил Гарванлиев, тоа да го сторат, да го испратат до крајот на јануари.

А, самиот Васил Гарванлиев по официјалното објавување на веста за неговото учество на „Евровизија 2020“ вели дека е подготвен за ова ново патување, дека ќе даде сѐ од себе Македонија да биде претставена во најдобро светло. Изборот на Гарванлиев, Македонската РТВ го направи по своето:беше организирана затворена дебата, која се одржа на 28 ноември минатата година, на која беа присутни автори (композитори, текстописци, аранжери),некои новинари што ја следат евровизиската сцена, а и претставници на ОГАЕ (евровизиски фан-клуб на Македонија), при што беа изнесени слични ставови со мислењата на уредниците од Програмскиот колегиум на МТВ 1. Така што и оваа година се прифати минатогодишниот модел на избор на учесник на автори и изведувач.

И покрај тоа што имам долгогодишно искуство на меѓународни сцени, свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено по успешниот пласман со Тамара минатата година – кусо раскажа Васил откако дозна дека ќе пее на “Евровизија“.