До неодамна ја криеше бременоста, а сега Јана Стојановска го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската актерка Јана Стојановска до неодамна ја криеше својата бременост, но во интервју пред камерата на емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ нејзиниот сакан откри дека не само што ќе прават свадба, туку и дека очекуваат бебе.

Избраникот на убавата Јана е кошаркарот Андрија Бојиќ, кој е Србин, а живее во Скопје.

Тој на изнанадување на Јана изјави дека таа е во четвртиот месец од бременоста и посакуваат бебето да биде машко. Доколку биде така, веќе одлучиле наследникот да се вика Микаил.

Убавите вести врзо се слушнаа и во регионот, па српскиот портал Телеграф.рс ја фотографираше Јана во рана бременост, а фотографијата каде е облечена во бохо фустанче се најде на нејзиниот Инстаграм профил.

Бидејќи е во четвртиот месец од бременоста, стомачето веќе ѕирка и може да се забележи под лелеавиот и широк фустан.

Очигледно е дека бременоста и годи на Јана која е прекрасна трудница.

Како ќе изгледа со поголемо стамаче, останува да видиме колку ќе биде расположена за да покаже.