ДОАЃА ДОЖД, СНЕГ И СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 20 ДО НАД 30 САНТИМЕТРИ!

ИЗВОРНов Лист
|

Како што најавивме од оваа ноќ и тоа под влијание на влажен и студен воздушен бран следуваат нови врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и утре и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Поради заладувањето врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во првите денови од следната недела. Ќе дува слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од источен и од североисточен правец, додека во првите денови од следната недела ветерот ќе биде од северен и од североисточен правец.

До понеделник наутро на повеќе места се очекува да се формира нова снежна покривка, и тоа во западните и во југозападните предели локално со висина од над 20 сантиметри, додека на повисоките и планинските места локално со висина и од над 30 сантиметри.

Што се однесува до температурите, минималните речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени, што значи дека истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ.

И во Скопскиот регион од оваа ноќ па натаму ќе растат условите за врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Во следните неколку денови услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од Скопската котлина. Ќе дува и слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 1 степен, додека максималните ќе бележат тенденција на значително опаѓање и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 6 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.