Голема промена на времето и тоа под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран ќе има во петок попладне и навечер, како и во сабота, кога на многу места ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер.
Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 30 л/м2), со што можни се и локални поплавувања.
Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, и од петок па за време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека најсвежо ќе биде во сабота кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Позначително дестабилизирање на времето во петок, како и за време на викендот ќе има и во Скопскиот регион, со што е можна појава на локално невреме и во овој дел од Македонија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на електрични празнења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат. Уште да напоменеме дека во случај на појава на силен ветер, возачите своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.