Летото е пред нас, па топлите денови и борбата со комарците стануваат наше секојдневие.
Некои луѓе имаат поголеми шанси да бидат каснати од комарци за разлика од другите, па затоа во продолжение ќе ви откриеме некои трикови како да се заштитите.
Најдобар начин да ги избегнете е да ја испразните водата од вашиот двор или тераса, бидејќи таа најмногу ги привлекува.
Намалете ја количината на шеќер во исхраната. Луѓето кои внесуваат многу шеќери се честа мета на комарци.
Мирисите на некои билки посебно ги одбиваат комарците. Така нанесете мирис од лаванда на местата каде пулсот е најсилен.
Во дворот засадете босилек. Комарците не го поднесуваат неговиот мирис.
Јаболковиот оцет е исто така ефикасен во одбрана од комарците.
Избегнувајте претерано користење на дезодоранс, средства против потење, како и парфеми, бидејќи некои мириси посебно ги привлекуваат комарците.
И краставицата може да биде добра одбрана од овие инсекти. Излупете ја, исецкајте ја и замрзнете ја, па таа смеса нанесете ја на вашата кожа.
Кога излегувате надвор носете посветла облека. Темната боја повеќе ги привлекува комарците.