Адријана Алачки вчера наполни 52 години. Пејачката , водител и претседател на кулинарското друштво „Гастромак“ вели дека иако годинава поради зафатеност одбивала да го прослави роденденот, нејзините деца инсистирале да ја организираат роденденската забава.
„Вчера бев работно во Охрид. И кога децата ме прашаа што сакам да правиме им реков- ништо, нема шанса, во хаос сум. Син ми Благоја и ќерката Грациела ми се јавија и ми рекоа: „Во 20 часот роденденска забава . Присуство задолжително“. И кога ќе ги доживееш овие работи ќе сфатиш колку си богат човек. Децата и внуката Јана ме враќаат во живот. Тие се мојата највредна инвестиција“, изјави Алачки за Женски магазин.
аа вели дека солзи на очи ѝ дошле кога ја добила честитката и од нејзините соработници од „Гастромак“.
„И од „Гастромак“ кога ја добив честитката на Фејсбук ми предизвика солзи. Кога ќе дојде овој ден, сите те потсетуваат дека те сакаат толку многу и мислат на тебе. Многу честитики ми пристигнуваат на Фејсбук. Блгодарна сум им на сите што одвоија една минута да ми го посветат своето внимание“, вели Алачки и додава дека е горда на своите години.
„Со гордост ги носам годините, искуството и зрелоста. Можам да кажам дека ова е најубаво време за мене. Сѐ што си посеал, сега собираш“, ни изјави Адријана. Таа вели дека не си посакла ништо друго освен здравје за неа и за најблиските.
Извор: Женски магазин