Доаѓа ново “Мини лето” – Ќе имаме убави и топли есенски денови

|

Иако календарски есента веќе ни започна, сепак на убавите денови им нема крај. По краткотрајната промена на времето која се случи, како и по невремето во западните и во југозападните предели од нашата држава, ни следува ново “Мини лето”.

Во следните денови ќе имаме малку облаци, малку сонце, но и ветер од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

И покрај релативно свежите утра, преку ден ќе биде пријатно топло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, а во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе достигнуваат и до 30 степени.

Врнежи во следните денови нема да има, иако повремено и локално има услови за сосема слаб дожд.

И во Скопје и околината времето ќе биде слично, пријатно топло со ветер од североисточен правец.

Уживајте во мини летото во следниот период.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!