Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

|

Ако се чувствувате чудно и работите ви делуваат како да немате контрола, за тоа можете да ги обвините ретроградните планети.

Но, во вторник ни почнува сезоната на хармоничните Ваги која ни носи есенска и мирна енергија. Така, три хороскопски знаци можат да очекуваат убава недела.

ОВЕН

Ова е важна недела на Овните бидејќи на 22 септември Сонцето преминува во нивната седма куќа на партнерства, насочувајќи го нивниот фокус кон полето на љубовта. Тоа ќе ви донесе и потреба за баланс, но и независност во вашиот живот. Време е да ставите акцент на вашите односи и социјален живот, но и да не заборавите дека вие самите треба секогаш да сте си приоритет. Делува чудно и збунувачки, но оваа недела ќе ви ги донесе сите одговори.

ДЕВИЦА

Вашата сезона полека привршува, но вие блескате со сиот свој сјај. Оваа недела, вашиот фокус ќе биде на финансиите и ресурсите, носејќи ви потреба да постигнете баланс и задоволство на ова поле. Можно е да забележите нови почетоци, нови соработки, па и нови партнерства кои ќе ве направат среќни и исполнети. Купете си нешто добро, вие го заслужувате тоа.

ВАГА

Вашата сезона започнува оваа недела, па време е да ја зголемите својата самодоверба и да тргнете кон исполнување на своите соништа. Ќе флертувате, ќе минувате време со луѓето кои ви се драги и постојано ќе запознавате нови луѓе кои ќе ве инспирираат. Ова е како ново патување за вас, во однос на вашиот идентитет и личност. Оваа седмица не става фокус само на вас самите, туку и на односите со другите. За некои Ваги, можна е нова љубов.