На 21 јуни ни пристигнува сезоната на чувствителните Ракови.
Тоа е и најдолгиот ден од годината, кога официјално почнува летото. За време на владеењето на овој знак, ќе посакате да минувате повеќе време дома и со оние кои ви значат и ќе бидете фокусирани на градење цврсти и длабоки односи со другите. Сезоната на Раковите често знае да биде и чувствителен период, но тоа не е ништо лошо.
Ракот е првиот кардинален и воден знак во хороскопот кој има силна лидерска енергија во себе, но таа не е толку јасно изразена. Според астролозите, ова е одличен период да посакаме нови желби и да поставиме нови цели и да се насочиме кон нивно исполнување.
Следењето на интуицијата е најважно овој месец. Погледнете длабоко во себе, не се плашете од она што го чувствувате и направете простор да ги слушнете другите луѓе. Сезоната на Раковите е и одличен период да ја разбереме домашната средина и да ги надминеме конфликтите кои можеби ги имаме во семејството. Но, домот не е секогаш местото каде сме родени,туку тоа има различно значење – тоа се луѓето и местата во чија близина се чувствуваме убаво и среќно.
Овен
Во изминатите месеци ви беше тешко да се носите со предизвиците, а вашето ниво на самодоверба не беше на високо ниво, онака како што вие би сакале. Сезоната на Раковите за вас ветува уште повеќе оган, но и фокус кон домот и семејниот живот. Доаѓа голема лекција која ќе ја научите овој месец, а тоа е во насока на балансирање на вашето его и вашите потреби со вашите можности.
Околу 21 јуни, важно е да се погрижите за своите финансии и да се посветите на важни прашања во вашата кариера. Тоа е и одличен период да побарате покачување на платата или да дојдете до долго очекуваното унапредување.
Младата Месечина на 28 јуни е одличен миг за да останете дома и да уживате со своите сакани. Запрашајте се како се чувствувате и пробајте тоа да го поврзете со другите околу вас. Обрнете внимание на семејната динамика и не заборавајте на менталното здравје во овој период.
Околу 9 јули, важно е да размислите пред да зборувате, бидејќи би можеле да кажете нешта за кои би се каеле подоцна. На 13 јули со полната Месечина во Јарец, сите оние важни лекции ќе дојдат до вас, но овој пат во вашиот професионален живот. Рефлектирајте што значи да се биде добар колега, член на тимот и обрнете големо внимание на балансот меѓу работата и личниот живот.
Бик
Оваа сезона, главниот фокус за вас лежи во можноста да ги покажете своите чувства. Ова е еден од вашите најголемите предизвици, но сезоната на Раковите го отвора вашето срце и ве зближува со другите. За време на целата сезона, ќе чувствувате како споделувате чувства дури и на дневна основа и ќе се чувствувате среќно и слободно, иако можеби ќе ви биде непријатно на почетокот.
Вашите хоризонти и поглед на светот би можеле да се променат околу 21 јули кога ќе го смените погледот во однос на тоа како и каде припаѓате во светот. Ова е добар период да запишете како се чувствувате и да утврдите како тоа влијае на промената на некои сфаќања и верувања, но и вашиот целокупен идентитет.
Во неделата на 27 јуни можно е да сте склони кон импулсивни или емотивни реакции на работното место или јавниот живот. Ако имате силни чувства, пробајте да најдете начин да ги канализирате или пак да зборувате за тоа, со некој кој може да ве ислуша и да ви даде добар совет.
Од крајот на јуни до средината на јули, обрнете внимание на вашите стилови на комуникација. Дали комуницирате јасно? Дали со тоа овозможувате поддршка за другите? Што очекувате кога не комуницирате јасно?
Ова е период кој има за цел да ве инспирира да бидете појасни во комуникацијата и да се потрудите да разберете зошто некои луѓе се лутат кога ги криете своите чувства или се повлекувате во себеси. Сите овие прашања ќе се интензивираат за време на полната Месечина во Јарец на 13 јули. Не се плашете од емоциите, пробајте само да ги изразувате на начин кој не ви создава празнина.
Близнаци
Главните теми за време на владеењето на сезоната на Раковите се поврзани со вашето тело, како и финансиите и она што го поседувате. Ќе работите на зголемување на својата самодоверба и ќе обрнете посебна грижа за себеси.
Околу 2 јули, време е да се зафатите со документацијата и да го завршите она што долго чекаше на вас. Подоцна во јули ве очекуваат дополнителни финансиски можности, поврзување со пријателите, соработниците, па и поширока мрежа. На 14 јули, бидете внимателни околу нереалистичните идеи и олдуки кои можат да ве чинат скапо ако сте претерано опуштени.
Рак
Ова е ваша сезона и време кога ве очекува обновена енергија. Време е да блеснете и да го надминете заморот кој го насобравте изминатите месеци. Не заборавајте да се грижите за себеси како што се грижите за себе.
Младата Месечина во Рак на 28 јуни ви носи чувство дека сте на врвот на светот. Ова е одлично време за нови цели и планови. Сепак, првиот ден од јули можно е да ви донесе тешки чувства, особено во однос на кариерата, но и односите 1:1 со другите. Ако имате партнер/ка, можно е тие да се чувствуваат занемарени од ваша страна, па ќе треба да се потрудите да ги изгасите огновите.
Избегнувајте ја драмата на 13 јули кога настапува полната Месечина во Овен. Емоциите ќе бидат силни и интензивни, а пријателствата би можеле да одиграат голема улога во драмите. Потрудете се да ги поставите своите приоритети онака како што вам ви одговара и да го направите најдоброто за себеси.
Лав
Сезоната на Раковите за вас носи период на интроспекција, што е добро за вас. Ќе пробате да го измерите вашиот личен раст и да го проширите погледот на светот, а тука ќе бидат и вашите пријатели особено во последните денови од јуни и првите денови од јули.
21 јуни е одличен ден да се потрудите да поработите на проблемите поврзани со вашето тело, здравје и навики. Ставете ги своите вредности на прво место и одете чекор по чекор. Така ќе добиете одговор на вашите прашања. На 5 јули ви доаѓа нова енергија и силна виталност која ќе се покаже како особено корисна во вашиот јавен живот и кариера. Ако истовремено се јават стрес и вознемиреност, обрнете внимание на тоа и потрудете се да направите баланс. Физичките активности се добредојдени во овој период.
Полната Месечина на 13 јули за вас е важна бидејќи ќе се поврзете со своето тело и она што ве прави здрави.
Девица
За Девиците, ова е лето што во фокусот ги става пријателите и социјалните мрежи. По 22 јуни, вашиот професионален живот ќе почне да цвета, па ќе дојдете до многу признанија и награди, но и забава на ова поле.
Младата Месечина во Рак на 28 јуни е време за нови поврзувања, нови луѓе во вашиот живот, но и нови цели. Ова е и одличен ден за љубовен состанок или пак поврзување со нов љубовен интерес во вашиот живот.
На 5 јули ќе забележите силни промени во вашиот живот, особено во однос на тоа како комуницирате со другите. Ќе бидете гласни во изразување на своите ставови, само бидете внимателни да не влегувате во непотребни конфликти. Полната Месечина на 13 јули ви носи дополнителна можност да се изразите.
Вага
Овој месец ветува различни насоки за вас, каде главниот фокус ќе биде на вашата кариера. Освен тоа, ќе се потрудите да се осврнете и на вашиот дом, семејство и партнерства и темите поврзани со нив.
Но, со младата Месечина во Рак на 28 јуни, можно е да почувствувате тензија во вашите најблиски односи па ќе треба да најдете начин за компромис, но и да размислите кои граници се здрави за вас. Дали им попуштате на другите? Дали се држите до некои уверувања кои немаа смисла? Како соработувате?
Првиот ден од јуни ви носи нови предизвици, па така ќе бидете предизвикани да застанете зад своето семејство и да решите некои ситуации во домот. Ако на површина излезат подлабоки проблеми и прашања поврзани со домот, дајте си време да поработите на нив. До средината на месецот ќе бидете насочени кон одржување мир во домот и поврзување со саканите.
Шкорпија
Како што се вжештува летото, така ќе се интензивираат и вашите планови за патување. Со Сонцето во Рак, патувањата ќе ви бидат приоритет. Освен тоа, ќе бидете отворени за учење и инспирација, но и нов начин на гледање на светот. Ова носи и голем фокус на сексот и романсата.
Младата Месечина на 28 јуни е одличен ден да рефлектирате што се променило во вашиот живот изминатите недели, но внимавајте – ставете ја грижата за себеси и за своето здравје на прво место овие денови.
Околу 5 јули, главната тема се вашите блиски односи. Ова може да е време на многу интензивни емоции и страст, па ако не сте во врска, големи се шансите да сретнете некој посебен.
Полната месечина на 13 јули е во Јарец, вам ви носи мир и сталоженост. Тргнете на прошетка, оставете го телефонот дома и препуштете се на природата и разговорите со другите.
Стрелец
Сезоната на Раковите открива важни аспекти од вашиот скриен живот. Околу 21 и 22 јуни ќе забележите фокус во вашите најблиски односи, а можно е да дојде до откривање на некои длабоки тајни. Ова е одличен период да се отворите кон другите и да им дозволите на најблиските да влезат во вашиот свет.
Младата Месечина на 28 јуни го насочува вашето внимание кон сексот и сексуалноста. Уживајте во убави нешта и искористите ја оваа енергија за нешто убаво, без оглед на тоа дали станува збор за поврзување со саканата личност, нова личност во вашиот живот или пак едноставно, нова енергија.
Работите се менуваат околу 5 јули кога фокусот се насочува кон работата, навиките па и вашите физички активности. Искористете го овој период да завршите многу работи кои се незавршени и да избегнете истоштување.
Јарец
Без оглед на тоа дали станува збор за љубов или пријателства, вашите блиски односи ќе бидат во центарот на вниманието за вас за време на сезоната на владеење на Раковите. Затоа, исполнете ги своите денови со луѓе во чие друштво уживате и кои ви дозволуваат да бидете свои.
Околу 28 јуни со младата Месечина во Рак можно е да се навратите на некои спомени и трауми од минатото, па ова е време кога треба да бидете нежни кон себеси. Не дозволувајте тоа да создаде тага или вознемиреност, туку вложете напор да научите нешто од сето тоа низ што минувате.
На 5 јули, Меркур и Марс носат дополнителна страст во вашите односи. Искористете ја оваа креативна енергија да се посветите на своите страсти, но и интереси, но и најважно – да се забавувате. Бидете внимателни како се изразувате околу 9 јули кога постои можност да навредите некого поради начинот на кој се изразувате. Не ги уништувајте мостовите меѓу вам и другите, туку изградете нови.
Полната Месечина на 13 јули е во вашиот знак ви носи важни лекции за себеси и можност да се поврзете со своите чувства и мисли.
Водолија
Ова е лето на грижа за себеси за родените во овој знак. Главниот фокус ќе биде на вашето здравје, здрави навики и благосостојба. Не заборавајте на своето ментално здравје и дозволете си да се препуштите на активности кои ве прават среќни. Затоа и младата Месечина во Рак на 28 јуни е одличен ден за нови желби и цели во овој дел.
Можно е да забележите важни енергетски промени околу 5 јули. Клучно е да направите баланс меѓу релаксацијата и продуктивноста.
Полната Месечина дополнително носи грижа за себеси. На прво место се одморот и менталното здравје, а потоа сèдруго.
Риби
Рибите сакаат да се креативни, а сезоната на Раковите е совршена за тоа. Ќе имате силна инспирација, но и можност да ги реализирате сите идеи, а дополнително добредојдена е поддршката од другите.
Околу 5 јули, подготвени сте да пуштите нови идеи во вашиот живот, а потоа да ги покажете и пред другите. Излезете меѓу луѓето, зборувајте, инспирирајте се и посветете се на нешто креативно. На 9 јули, ќе треба да обрнете внимание на своите финансии и да осигурате дека имате план за трошење и штедење. Ова е добар момент за тоа.
Полната Месечина на 13 јуни ве поттикнува да изградите нови пријателства и да ја споделите својата страст и инспирација со другите преку друштво и забава.