Утре во текот на денот ќе биде претежно сончево, но со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по котлините.
Во понеделник од крајот на денот ќе започнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег и се очекува врнежите најпрвин да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во вторник кога ќе се поинтензивни и на југоистокот и истокот.
Прогноза за 28.01.2019
Минимална температура: -5°C до -1°`C
Максимална температура: 4°C до 10°C
Променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со локални врнежи од дожд, на пониските места и од снег на планините.
Прогноза за 29.01.2019
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд на пониските места и од снег на планините.
Прогноза за 30.01.2019
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Наутро со појава на магла во котлините, а претпладне умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд на пониските места и од снег на планините. Врнежите ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат до средината на денот.
Покрај сонцето демнее опасност на патиштата, АМСМ ги информираат граѓаните:
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. ЈП „Македонија пат“ предупредува дека поради ниските температури е можна појава на голомразица.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.