Доаѓаат црни денови за поранешната на Џони Деп За време на судењето престојувала во луксузна вила, а вели дека нема пари за обештетување

ИЗВОРНов Лист
|

За време на судскиот процес за клевета против Џони Деп (58), Амбер Херд (36) престојувала во луксузна вила во Вирџинија, чија месечна кирија е околу 23.000 долари, пишува Дејли Мејл.

И покрај тоа, нејзиниот адвокат тврди дека не може да плати отштета, а сега би можела да остане без улога во филмот „Аквамен“.

Иако за време на судењето изнајмила скапа куќа, таа вели дека не може да си дозволи и да ги плати парите што му ги должи на својот поранешен сопруг, откако поротата пресуди дека е виновна за клевета.

Нејзиниот адвокат Елејн Бредехофт неодамна објави дека актерката „апсолутно“ не може да си дозволи да плати отштета и рече дека има намера да поднесе жалба на пресудата.

По пресудата, странските медиуми тврдат дека Ворнер Брос наводно одлучила да ги избрише сцените со Амбер од „Аквамен“, филмот што ја прослави.

Студијата сакаат да избегнат негативен публицитет пред премиерата. Според некои гласини, Мера, ликот кој го игра Амбер во филмот, би можела да се појави само на самиот почеток на филмот. Уште поголемо прашање е кој од режисерите ќе се реши да ја ангажира актерката во иднина.