Добивте отказ? Овие 3 чекори ќе ве “вратат во игра”

ИЗВОРnovlist.mk
|

За жал, добивањето отказ може да им се случи и на најдобрите вработени. Без разлика на причината поради која дошло до овој момент, постојат неколку работи што можат да ви помогнат го пребродите “сивиот” период.

Најважно е да не паднете во депресија. Сосема е во пред да се чувствувате потиштено, но немојте да си дозволите негативните емоции да ве надвладеат. Наместо тоа, фокусирајте се што е можно побрзо да пронајдете нова работа.

Обновете го вашето CV

Сега е совршеното време да ја надградите вашета биографија. Додатете ги обуките на кои сте биле, конференциите од кои сте биле дел и дополнителните вештини кои сте ги совладале на последното работно место.

Следете ги активните огласи

Бидете активни во потрагата. Секој ден отварајте ги сајтовите за вработување и следете ги активните огласи. Бидете упорни и не се откажувајте. Процесот може да трае подолго од што сте очекувале, но запомнете дека најважно е да бидете трпеливи, аплицирајте и одете на што е можно повеќе интервјуа. На тој начин ќе вежбате да можете да се прикажете себеси во најдобро светло и да бидете спремни кога ќе дојдете правата позиција за вас.

Надградувајте се

Доколку имате желба за одреден курс, обука или би сакале да развиете нова вештина, но не сте имале време поради работните обврски сега е шансата за тоа. Искористете го слободното време и истражете кое место го нуди тоа што вие го барате. Како за почеток, можете да почнете со некој забрзан курс. На овој начин ќе бидете во тек со конкуренцијата, ќе се надградите себеси и ќе бидете со побогато искуство кое секако ќе ви оди во прилог при аплицирањето.