Добра вест: Македонија денеска ќе потпише договор со уште една земја за признавање на возачката дозвола

ИЗВОРСкопје24
|

Денес ќе биде потпишан договор за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Република Косово и Република Македонија.

Министерстите за внатрешни работи на двете земји ќе го потпишат договорот, а истовремено ќе биде потпишан меморандум за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола.

Потпишувањето на овој договор ќе го направат министерот за внатрешни работи на Република Косово, Екрем Мустафа, и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски.

Многу често полицијата врши и има право да прави контрола на сообраќајот и на учесниците во него. Тоа значи дека може да се вршат контроли и притоа да ги побара на увид документите на возачот, односно неговата возачка дозвола и сообраќајна дозвола.

Но, што доколку сте ги заборавиле документите дома, или едноставно до другата јакна. Тогаш полицијата ако ви ги побара а вие ги немате со себе, може да се случи да добиете казна. Се зависи од полицаецот, можете да минете и со опомена, но и со казна.

Според Член 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, kога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка дозвола и возачка книшка и истите е должен да ги покаже на барање на полициски службеник.

Законот предвидува мандатен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност во мандатна постапка и ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот 1 на овој член.

Вие можете тогаш да изберете, или да платите половина од глобата, значи 50 евра во рок од 8 дена. Или пак можете да впишете 40 негативни поени. Но, треба да внимавате, ако во рок од три години соберете вкупно 100 негативни поени, тогаш ќе морате одново да полагате. А тоа ќе ве чини и време и пари.

За да не дојде до тоа, прво морате да ги носите документите со себе. Тогаш е полесно се.