Добра вест: Општина Аеродром дели еднократна помош за група граѓани

|

Општина Аеродром соопшти дека градоначалникот Тимчо Муцунски оваа работна недела ја почнал со потпишување решенија за исплата на еднократната помош која му следува на секое прваче што ќе се запише во едно од основните училишта во Општината.

Со оваа мерка, како што информираат од општината, целта е да им се помогне на родителите и дечињата кои живеат во Аеродром, а секој што ги исполнува условите ќе добие по 3.500 денари за секое прваче.

Повикот за аплицирање е отворен до 30.09.2022, а образецот и сите потребни информации може да се најдат на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari , посочија од општината