Добра вест за љубителите на Руби – Серијата се враќа на малите екрани (Видео)

ИЗВОРНов Лист
|

Ако се сеќавате на денвите кога сите беа опседнати со сапуницата „Руби“, сигурно ќе се радувате кога ќе слушнете дека оваа серија наскоро ќе биде достапна на „Нетфликс“.

Сапуницата веќе е достапна за гледање на американскиот „Нетфликс“, а наводно наскоро би требало да пристигне и во Европа.

Во моментот кога серијата се емитуваше на телевизија, актерката Барбара Мори го освои светот со улогата.

Истоимената серија следи убава, сиромашна студентка која повеќе од се сака да се омажи за богати за да живее во луксуз. А работите стануваат уште покомплицирани кога Руби го запознава Хектор, богатото момче на нејзината најдобра пријателка Марибел, и поради неговата банкарска сметка таа набрзо почнува да флертува со него.

Приказната дополнително ја искомплицира Алехандро, кој беше заљубен во Руби, иако таа беше заљубена во него, тој беше сиромав, па Хектор во тој моментот изгледаше како подобар плен.

По нејзината улога во култната сапуница, Барбара оствари и голем број други филмски и телевизиски улоги, но нејзиниот успех како Руби не се повтори.

Во продолжение погледнете го видеото и потсетете се на убавите денови.