Добра вест за македонците што планираат да работат на Малта

|

Досегашната долга процедура за издавање работна виза беше еден од најголемите проблеми за многуте Македонци што заминуваа да работат во оваа островска земја, со оглед на тоа дека без таква виза тие можат да останат на Малта само 3 месеци и да работат на црно.

Добра вест за Македонците што планираат да работат на Малта, eе што властите во оваа островска земја одлучија да го скратат периодот за обработка и издавање на работните визи за странци од четири месеци на само четири недели. Оваа одлука, според властите од Малта, е донесена за да се надмине проблемот со недостиг од квалитетна работна сила во земјата.

Според властите од Малта, недостигот од квалитетна и соодветна работа сила е проблем со кој земјата се соочува подолго време и покрај големиот наплив на странски работници. Како што пренесуваат медиумите, тој проблем не е присутен само во угостителството и градежната индустрија, туку е присутен во сите сектори на економијата.

Со скратувањето на процедурата за добивање работна виза, властите во Малта се надеваат дека ќе обезбедат поквалитетна работна сила бидејќи конкуренцијата од странство дополнително ќе ги мотивира и домашните работници. Долгата процедура за добивање работна виза е еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат странците што решаваат да работат на Малта.

Целиот тескт е на emigriko.mk