Додека Западот ја напаѓа Венецуела, земјата која ги подобрила животите на многу нејзини граѓани, се занемаруваат хорорите кои се случуваат во Перу и другите земји во Латинска Америка.
Ринконада, кој се наоѓа на повеќе од 5 километри надморска висина, град на највисока надморска висина на светот, е град на злато и концентрација на беда. Таму живеат околу 50.000 жители, од кои голем дел се отруени со жива.
Место каде редовно се напаѓаат жени и деца, каде законот и редот ги нема многу одамна, каде младите девојки се пратени да рециклираат отпад, и каде речиси сите мажи работат во животински услови, каде повеќе од нив едноставно го уништуваат своето здравје.
Во моментите додека во Венецуела Николас Мадуро се бори против Западот, американскиот новинар Андреа Вилтчек го посетил овој дел на Перу и во текстот за “Russia Today” ги објаснил политичките случувања во Латинска Америка и нивното влијание на народот.
Тој објаснува дека сега ситуацијата во Перу, односно Ринконада, е иста каква што била во Венецуела и Боливија пред на власт да дојдат Уго Чавез, Ево Моралез и Николас Мадуро.
“Возачот одби да ме однесе во Ринконада, бидејќи му било објаснето дека “таму можеш да влезеш, но постои шанса да не излезеш” поради мафијата која делува на таа територија. Без разлика на предупредувањето, пронајдов човек со кој тргнав во Ринконада”, рекол Вилтчек и објаснил што се случува таму.
“Од перуанската страна езерото е затруено со жива. Иако Ринконада и рудниците со злато се уште многу далеку, реката Рамис од овој дел носи контаминирана вода од тоа подрачје, посебно од рударскиот град Анане и таа вода се влева директно во езерото”, му објаснил Фреди, експерт од тоа место.