ИЗВОРСкопје24
Седум продолжени викенди не очекуваат во наредната 2019 година. Годинава имавме само 4 продолжени викенди, а догодина од вкупно 11 неработни денови кои важат за сите граѓани, дури 7 се поврзуваат со викендот.
Првиот продолжен викенд ќе го имаме за Божик, неработен е понеделникот, 7 јануари.
Јавната администрација ќе одмори и на 2 јануари, согласно новата одлука на Владата. Препораката важи и за приватниот сектор.
За разлика од сегашните, претходната влада која ја предводеше Груевски во 2007 година ја укина долгогодишната традиција и го прогласи 2 јануари за работен ден.