Добро дело на Скопјанец разубави нечиј ден, а и нашиот

ИЗВОРСкопје24
|

„Другар, ти пратив порака, ќе ти ставеа канџа. Направи го и ти ова за некој друг некогаш“, – вака гласи пораката која денес, некој наш добар сограѓанин ја остави на автомобилот на возач кој заборавил да прати порака за паркинг.

Можеби ќе си речете добро па ова и не е нешто многу големо, порака која чини во просек 30 денари. Да, но кога ќе ја собереме сумата која треба да се плати за да ја извадат „канџата“ што ја ставаат вработените во градски паркинг или ако во уште полош случај автомобилот Ви го крене пајак служба, па гестов и не е баш мал.

И да ги тргнеме казните на страна, чинот на овој наш сограѓанин треба да биде пример за сите нас. Многу често мал гест кој нема да ни одземе ниту многу време, ниту материјални средства, може некому да му биде од голема помош. Продолжете со добрите дела, разубавете нечиј ден. Овој херој го разубави нашиот, тоа е сигурно.

Една дневница за паркинг во Скопје

Цели 350 денари или една просечна дневница потрошил скопјанец за четири часа паркинг во Скопје. Фотогографијата беше објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам.

Граѓаните пред извесен период на социјалните мрежи реагираат за високата цена на паркингот која започна да се применува вчера како една од мерките за справување со загадувањето во главниот град. Дел од нив ја оправдуваат мерката и велат дека ако се прашуваат тие, паркингот би поскапел уште повеќе, но другите велат дека со ова градот го допрел дното и дека поскапувањето на паркингот е неоправдана мерка.