Дочекајте го летото подготвени со најдобриот модел на T.S.T клима уреди (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Дојде месец Мај, и со тоа се поблиску сме до летниот период кога температурите во земјава го достигнуваат својот максимум, а понекогаш го поминуваат и 50-тиот степен, со што навистина е тешко да ја регулирате топлината во домот. За среќа постојат одлични начини како да намалите температурата и уште побитно да ја задржите свежината во домот, а за тоа ви е потребен паметен избор на клима уред.

Новината на нашиот пазар е одличниот T.S.T инвертер клима уред, односно се работи за моделот T.S.T LOMO CH 12ABE4D. Станува збор за инвертер клима уред од основната класа и ги има овие технички специфики:

Максимален капацитет на ладење од 3.6 киловати и 3.8 киловати во греење, номинална моќност при ладење 3.2 и при греење на 3.4 киловати, номинална потрошувачка на електрична енергија 997 вати при ладење и 942 вати при греење. Овој клима уред има енергетска класа А++ во ладење и А+ во греење, со сезонска енергетска ефикасност од 6.1 во ладење и сезонски коефициент на перформанси од 4.0 во греење. Се класифицира како инвертер клима уред со добра економичност.

Работи со еколошкиот R410 разладен медиум т.е регион. Нивната работна температура е од -15 до +45 степени целзиусови и има одличен проток на воздух до 560 метри кубни на час.

Според ценовниот ранк на кој е поставен овој клима уред, нуди прилично интересен и широк спектар на дополнителни функции кои најчесто се наоѓаат на клима уреди од оваа класа како што се комплетно вградена смарт wi-fi контрола која ви овозможува да го контролирате вашиот клима уред од вашиот мобилен телефон, да го вклучувате и исклучувате, да ја регулирате температурата дури и кога не сте дома.

Колд плазма јонизатор, кој позитивните јони во воздухот ги претвора во негативни, со што се намалува прашината во просторијата и со тоа позитивно делува на дишењето и свежината на воздухот.

Тајмер за автоматско вклучување и сиклучување на вашиот уред, потоа турбо функција со која се овозможува брзо ладење или греење на просторијата, ако и IFeel функција која овозможува мерење на температурата според сензор на далечинскиот управувач, со што клима уредот се приспособува со работа да ја постигне бараната температура според позицијата на далечинскиот управувач.

Моуд на спиење или Sleep mode, ја намалува потенцијата на работа, а со тоа и самата бучава на уредот, за удобен сон.

Функција на само чистење, која не дозволува непријатни мириси во текот на летниот период да се собираат, која е во функција на ладење и при -15 степени целзиусови надворешна температура, потоа 8 степени греење – корисна функција која автоматски го вклучува уредот кога температурата во просторијата ќе се намали под 8 степени целзиусови, со што не дозволува мрзнење во просторијата и многу други функции кои нудат поголем комодитет.

T.S.T клима уредите ги произведува GREE најголемиот производител на клима уреди во светот. Станува збор за 100% GREE производ кој ви доаѓа под називот T.S.T, моделот LOMO CH 12ABE4D, е дефакто, добро познатиот производ на нашиот пазар GREE LOMO ECO кој е еден од најпродаваните инвертер клима уреди изминатите години на нашиот пазар со многу позитивни критики.

Надворешната единица е долга 84 сантиметри, широка е 32 сантиметри, а висока е 60 сантиметри, тежината е 31 килограм, со што го прави овој клима уред еден од поголемите од оваа класа на клими на пазарот. Со отстранувањето на капакот , она што веднаш можеме да го забележиме се сервисните кодови, но она што е за нас интересно е сунгерестата звучна изолација која се наоѓа на краевите и на клучните елементи, со што се намалува бучноста што ја прави самиот уред. Интересно е да се напомене и дека нестандардно за оваа класа на клима уреди и сунгерестата изолација која се наоѓа на горниот дел на измерувачот на надворешната единица, која е исто така тука за да ја намали бучавоста на уредот. По отстранување на горниот капак, исто така може да се забележи изолација на горниот дел каде се наоѓа електрониката и поголем дел од каблите, чија намена е исто намалување на бучавоста, а исто таква изолација можеме да видиме речиси на сите клучни елементи и позиции каде има допирање на метал, со што можеме да забележиме дека е посветено прилично внимание по ова прашање.
Останатите детали за внатрешните делови можете да ги погледнете на видеото во продолжение.

Внатрешната единица е со бела боја и сребрени детали, долга е 79 сантиметри, широка е 27 сантиметри, а висока е 20 сантиметри, тешка е 9 килограми. Со отварањето на внатрешната единица, можеме веднаш да го забележиме вградениот wi-fi модул, што значи дека вие немате потреба да купувате дополнителен wi-fi модул или стик. Во овој модел wi-fi функцијата е потполно вградена, се што треба да направите е да ја инсталирате потребната апликација, да се поврзете и можете да го контролирате вашиот клима уред од вашиот сопствен мобилен телефон.

Стандардните филтри, какко и кај секој клима уред се чистат еднаш месечно, се перат со млака или ладна вода потоа се оставаат да се исушат, и на крајот се враќаат повторно во клима уредот. Во зависност од интензитетот на користење на клима уредот , препорачливо е фитрите да се чистат еднаш месечно, со што би се овозможила оптимална работа на клима уредот.

Скриениот позадински дисплеј е поставен на десната страна, кој ја покажува зададената зададената температура и останатите параметри, автоматски насочувач на воздух за горе и долу, и стандарно за оваа класа уреди, мануелен насочувач на воздух за лево и десно.

Покрај овој модел, целокупната програма на T.S.T клима уредите можете да ги најдете ексклузивно во дистрибутивната мрежа на клими.мк, воедно на истиот сајт можете да најдете преку 200 различни клима уреди кои ќе ги задоволат сите ваши потреби.

T.S.T 12ABE4D ИНВЕРТЕР клима уред – КЛИМИ.мк

Видео презентација на T.S.T 12ABE4D ИНВЕРТЕР клима уред.EНЕРГЕТСКА КЛАСА (SEER/SCOP): A++ (6.1/4.0)МАКСИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ЛАДЕЊЕ: 3600.00 WМАКСИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ГРЕЕЊЕ: 3800.00 WПРОСЕЧНА МОЌНОСТ: 3200/3400 WВЛЕЗНА МОЌНОСТ ЛАДЕЊЕ: 997 WВЛЕЗНА МОЌНОСТ ГРЕЕЊЕ: 942 WПРОТОК НА ВОЗДУХ: 560.00 m3КАПАЦИТЕТ НА ОДВЛАЖНУВАЊЕ: 1.40 l/hНИВО НА БУЧАВА: 48.00 dBРАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА: ОД -15 ℃ ДО 43 ℃МАСА ВНАТРЕШНА ЕДИНИЦА: 9.00 kgМАСА НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА: 31.00 kgПРЕПОРАЧАНА ПОВРШИНА: до 35 м2ФРЕОН: R410 ФИЛТРИ: Филер за прашина, Cold Plasma јонизаторГАРАНЦИЈА: 3 годиниhttps://klimi.mk/product.php?id=368

Gepostet von КЛИМИ.мк am Sonntag, 5. Mai 2019