За секој проблем постои решение – би рекле многумина, и навистина е така барем кога станува збор за варењето јајца и неговото лупење. Се работи за фантастичен трик кој ќе ви го олесни животот и почесто ќе сакате да јадете варени јајца.
Стручњаците велат дека јајцата кои се стари околу 7 и 10 денови се идеални за варење и најлесно се лупат, но не секогаш можеме да знаеме со сигурност колку се стари јајцата кои сме ги купиле, па се соочуваме со проблем.
Сигурно сте забележле дека некои јајца ги лупите без проблем додека, за други тоа претставува проблем, а сето тоа е поради нивната „старост“.
Сепак, постои трик за да се избегнат такви непријатности, а се што треба да направите е додека ги варите да додадете лажица сода бикарбона. На овој начин ќе се зголеми киселоста на јајцето и ќе немате никаков проблем при неговото лупење.