Додека го исмејуваа на Оскарите, тој уживаше со 23 години помладата убавица

ИЗВОРНов Лист
|

Леонардо ди Каприо е снимен како излегува со долгогодишната девојка Камила Мороне за време на доделувањето на Оскарите.

Оскаровецот Леонардо ди Каприо (47) реши да ги прескокне овогодинешните најпрестижни филмски награди и преферираше да ја помине вечерта во друштво на својата долгогодишна девојка, актерка и модел Камила Мороне (24).

Папараците ги уловија во Њујорк, каде беа на романтична вечера.

Во меѓувреме, актерот беше споменат и на Оскарите, каде една од водителките, комичарката и актерка Ејми Шумер, се пошегува на сметка на неговата посветеност на екологијата.

„Леонардо ди Каприо, што да кажеме за него? Тој направи толку многу во борбата против климатските промени и остави зад себе почиста и зелена планета за своите девојки“, рече таа, предизвикувајќи аплауз и смеа кај публиката.

И додека оваа шега отиде и на сметка на турбулентното љубовно минато на Ди Каприо, се чини дека убавината на аргентинските корени конечно успеа да го заузда.

Камила е најдолговечната девојка на Леонард и тие се во врска од 2017 година. Актерот отсекогаш бил особено слаб кон манекенки, а Жизел Бундхен, Нина Агдал, Бар Рафаели, Тони Гарн и Ева Херцигова се само дел од убавиците кои ги сакал во минатото.