Додека јас одев на штикли и во женски сукњи ти стоеше гордо до мене – Боки 13 со најемотивна порака се прости од мајката на Јелена Карлеуша

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот шоумен, водител, менаџер и пејач а како најново и сопственик на 1тв изрази огромно сочуство до семејството Карлеуша.

Со емотивна порака се прости од својата најдрага пријателка Дивна Карлеуша, нивната дружба ќе остане засекогаш запаметена по учеството кое го земаа двајцата во големото реално шоу Големиот брат каде се докажаа дека се големи пријатели.

„И додека јас одев на штикли и во женски сукњи ти секогаш гордо шеташе со мене низ улиците во Белград, ме бодреше и ми даваше поддршка додека другите ми се потсмеваа. Ти ми беше како друга мајка. Беше со мене кога ми беше најтешко, веруваше и ме поддржуваше. Беше прва која ме однесе во нашиот омилен ресторан во Белград, ти беше толку голема а толку скромна, ти беше најгалантната жена кој сум ја запознал.

Ти беше единствена, посебна и неповторлива, ти беше навистина Дивна.“

Статусот во целост прочитајте го ОВДЕ.