Додека кружат гласини дека е разведена, Елена Велевска имаше убав повод за славење: „За најдобриот татко“

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската фолкерка Елена Велевска последните неколку месеци беше во центарот на вниманието поради нејзиниот развод со сопругот.

Имено, откако медиумите почнаа да шпекулираат дека фолкерката се разведува таа прво се огласи на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека веќе поднела бракоразводна парница и дека со сопругот не живеат заедно.

Меѓутоа, по одредено време Велевска истакна дека не се разведува и дека одлучиле со сопругот да си дадат втора шанса поради нивните деца.

Иако таа потврди дека повторно е заедно со сопругот, на социјалните мрежи објавува фотографија од самата себе или фотографии со нејзините деца.

Неодамна, естрадниот магазин „Ексклузив“ објави дека пејачката сепак е разведена, а таа не ги коментираше овие написи.

И додека кружат шпекулациите дали е разведена, Елена деновиве имаше убав повод за славење.

Имено, таткото на пејачката, Љупчо Велевски наполни 65 години.

Велевска се пофали со тортата по повод 65иот роденден на нејзиниот татко, а во описот напиша:

„Со љубов за најдбориот татко.Биди жив и здрав“ напиша Велевска на социјалните мрежи.

Вистина.мк