Додека медиумите пишуваа дека Мелита и Накова се скарани, гевгеличанката експресно демантираше: „Ми недостасуваш убавино, моја втора половино“ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

„Екс водителката Мелита Ракичевиќ ставила крај на дружбата со манекенката Александра Накова!

Во една расправија Накова ѝ рекла на Мелита дека била стара, по што Мели и се налутила и дефинитивно ставила крај на нивното повеќегодишно пријателство. Доказ за тоа е Инстаграм, каде ниту Накова ниту Мелита повеќе не се следат“ – објави викендов порталот на „1ТВ“.

Многумина останаа вчудовидени, знааејќи дека Мелита и Александра откако се здружија по разводот на Накова, станаа толку многу блиски, што беа речиси нераздвојни, па едната другата ја нарекуваше „сестра од друга мајка“!

Често одеа заедно на луксузни патувања, постојано објавуваа се*си фотосесии, двете ставија во исто време силикони и тоа кај ист хирург, имаа исти надргадби на косите, па дури имаат и слични силиконски усни… Во последно време имаа или си ги менуваа истите очила за сонце, костими за капење… Или што би се рекло, Мелита и Накова беа „другата во мене“!

Но дека нее баш се’ така како што некои објавуваат и пишуваат, се потруди експресно да демантира прекрасната гевгеличанка. Имено, Накова експресно на својот Фејсбук профил објави фотграфија на која е заедно со Мелита,крај која напишала: „Ми недостасуваш убавино, моја втора половино“. Што значи дека нема ниту „К“ од кавга, напротив… Накова и Мелита се во одлични односи, иако веројатно поретко се гледаат.

Но, по се изгледа причината е друга, сосема поинаква… Мелита последниов период беше отсутна од Македонија додека престојуваше во Дубаи, а Накова во тој период повторно беше медиумски активна. Најпрвин ја снимаше новогодишната фотосесија за „Бекстејџ“, па се појави во последниот спот на ДНК за темата „Ромео и Јулија“, а наскоро и во видеото на „Балкан бенд“ за песна наменета за регионалниот естраден пазар.

Но, тоа не ќе да е главната причина за „раздвоеноста“ на двете убавици… Она што стои меѓу нив освен нивната взаемна пријателска љубов, по се’ изгледа е и една друга, нова љубов, која и се случува на Накова!?

Последните објави на нејзините профили на социјалните мрежи јасно асоцираат и потенцираат дека на гевгеличанката одново „и летаат пепрутки во стомакот“!

Доколку е така, можеби тоа е причината што Накова и Мелита повеќе не се толку „блиски“, или поточно, не минуваат повеќе време во заедничка дружба?!

Извор: Вистина.мк