Петар Грашо испрати важна порака до својата бројна публика која со нетрпение ги очекува неговите концерти, а откри и зошто својот живот го смета за „убавина“.
Се ближат датумите на големите концерти на Петар Грашo, кој деновиве е во центарот на интересот, пред се поради неочекуваните турбуленции во приватниот живот.
„Постои една мала можност, доколку мерките не дозволат полн капацитет во февруари, концертите нема да бидат откажани по секоја цена, туку ќе ги преместиме во нови датуми во март. Тоа е мојот одговор, добивме илјадници мејлови … Откажување сигурно нема, можно е да се одложи за друг датум, ако е – датумот ќе се знае“, рече Грашо.
Неговото раскинување со Данијела Мартиновиќ по 25 години заеднички живот, но и информацијата дека чека дете со многу помладата Хана Хуљиќ, ќерката на познатиот кантавтор Тончи, беа дочекани негативно.
Коментарите дека со Хана три години во врска и дека решил да стави крај на својот паралелен живот дури откако малата ќерка на Тончи Хуљиќ откри дека е бремена, Петар едноставно не сакаше да ги коментира. За хрватските медиуми само напомена дека се чувствува како да има 23-24 години и дека живее соодветно. „Мојот живот е една убавина“ – нагласи тој, очигледно воздигнат од фактот дека наскоро конечно ќе стане татко.
„Не е важно колку години сте живееле, туку колку живот сте имале во годините“, истакна тој.
Запрашан за бременоста, Грашо коментира:
„Ми требаше време, како што е веројатно, секој човек да стане свесен за оваа прекрасна информација, а сега живееме во слатко исчекување. Кога ќе ја затвориме вратата од нашата куќа, како сите нормални семејства чекаме ново раѓање“, рече Петар Грашо.
Иако се очекуваше Данијела Мартиновиќ да има коментар на оваа тема, освен што ги избриша сите заеднички фотографии, направени во изминатите 24 години, таа реши да молчи.