Додека се очекува одлуката на СОНК, министрите апелираат да продолжи наставниот процес

ИЗВОРТелма
|

Во очекување на одлуката на СОНК дали ќе ја прифати понудата од Министерството за образование, за зголемување на платите од 10 проценти, наместо бараните 18, повеќе министри ги повикаа наставниците и негувателите интересите на децата да ги стават на прво место

ДЕЦАТА ТРЕБА ДА НИ Е НА ПРВО МЕСТО, ЗАТОА ШТО ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ НА СЕКОЕ ДЕТЕ Е УСТАВНО ЗАГРАНТИРАНО ПРАВО. ГУБЕЊЕТО НА НАСТАВА ВО ОВИЕ УСЛОВИ, КОГА ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НАПРАВИ МАКСИМАЛНИ НАПОРИ ДА ГО НОРМАЛИЗИРА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС, НЕ ОДИ ВО ПРИЛОГ НИКОМУ, НАЈМАЛКУ НА УЧЕНИЦИТЕ, НАПИША ШАЌИРИ НА СВОЈОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ.

Потенцира дека учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Редовната настава, посочува министерот, е потребна најмногу како поддршка за ученици во еден многу важен дел од нивниот живот.

Апел пристигна и од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која ги повикува воспитувачите и негувателите да го нормализираат воспитно-згрижувачкиот процес и да ги прифаќаат децата во градинките, бидејќи, како што посочува, секој изгубен час и ден од наставата оди на директна штета на раниот детски развој, кој е основата за понатамошен развој на секоја индивидуа.

КАКО ВЛАДА И МИНИСТЕРСТВО КОЕ ВОДИ ГРИЖА НЕ САМО ЗА ДЕТСКИОТ РАЗВОЈ, ТУКУ И ЗА УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ВОСПИТНО-ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР, ИМАМЕ ЦВРСТА ОПРЕДЕЛБА ДА ГО ПРОДОЛЖИМЕ СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ОД КОЈ ОЧЕКУВАМЕ ДА ПРОИЗЛЕЗАТ СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ОДАТ ВО ПРИЛОГ НА СИТЕ. ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ПРЕТХОДНО ДОКАЖАА ДЕКА ИМААТ СЛУХ ЗА БАРАЊАТА НА ВОСПИТНО-ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР ВО ГРАДИНКИТЕ И ДЕКА НЕ БЕГААТ ОД РЕШЕНИЈА СО КОИ СЕ УНАПРЕДУВА НИВНИОТ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛЕН СТАТУС. ДОКАЖАВМЕ И ДЕКА КЛУЧЕН ПРИОРИТЕТ Е ТОКМУ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ КОИ СЕ ПОКАЧЕНИ ЗА 21 ОТСТО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ШТО Е ИСТОРИСКИ НАЈГОЛЕМ РАСТ, ОБЈАВИ ТРЕНЧЕВСКА НА СВОЈОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ.